Караорман (село)
Караорман (грчки: Μαυρολόγγος, Мавролонгос; до 1927 г. Καραορμάν, Караорман[1]) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во Серско Поле, крај десниот брег на Струма, североисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 30 м.[1] ИсторијаВо XIX век Караорман бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 24 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 33 лица. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавролонгос (Μαυρολόγγος).[1] Според пописот од 1928 г., Караорман броел 81 жител, од кои 4 доселеници, а останатите најверојатно биле Грци. По исушувањето на Тахинското Езеро, селото било напуштено, поради што во подоцнежните пописи не се спомнува како населба и било избришано од евиденција.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia