Ени Чифлик (Нигритско)
Ени Чифлик (грчки: Χωραφάκια, Хорфакија; до 1927 г. Γενή Τσιφλίκ, Гени Цифлик[1]) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото било сместено во Серско Поле, источно од гратчето Нигрита и североисточно од Хункос, во непосредна близина на селото Патрик, на надморска височина од 40 м.[2] Од селото денес е останата само апсидата на црквата „Св. Ѓорѓи“. ИсторијаВо XIX век Ени Чифлик било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Јени-чифлик (Yeni-tchiflik) имало 9 домаќинства и 118 жители Роми.[3] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ени Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[4][5] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи селото настрадало за време на војните, тоа било евидентирано како напуштена населба во пописите од 1913 и 1920 г.[2] Последен пат се спомнува во пописот од 1928 година, кога броело 19 жители.[6] Подоцна Ени Чифлик бил избришан од евиденција. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia