Копач Дере (село)
Копач Дере (познато и како Копач Маала) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото било сместено во северното подножје на Богданската Планина, северозападно од гратчето Нигрита и околу 4 км западно од селото Копач, на надморска височина од 50 м.[1] ИсторијаВо XIX век Копач Дере било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Копач Дере:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Копач Махала имало 110 жители Турци.[3] Во Првата балканска војна Копач Дере е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 133 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 148.[1] Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци со вкупно 48 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 година. Бидејќи немало поволни услови за живот и училиште, селото било напуштено и неговите жители се иселиле во други села.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia