Варвара (Скопско)
Варвара — историско село во Општина Сопиште, во околината на град Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители. Сместено е во најјужниот дел на атарот на с. Ракотинци, на околу 4,5 км јужно од него по најкусиот пат. Географија и местоположбаВарвара се наоѓа веднаш на левиот брег на Маркова Река во нејзината алувијална рамнина, на регионалниот автомобилски пат кој води од Драчево кон Марковиот Манастир и езерото Козјак во Порече (Р1106). Селото е рамничарско во подножјето на планината Китка. Во непосредна близина на селото се наоѓаат селата Маркова Сушица и Добри Дол. Во селото постојат голем број на викенд-куќи на жители од градот Скопје. ИсторијаПодрачјето на Варвара е населено уште од железното време, за што сведочи некрополата Пржали на околу 500 м источно од селото.[2] Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 21 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 42 жители.[3] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).[4] Во XIX век селото Варвара било чифлиг на скопскиот митрополит. Во втората половина на истиот век македонското население од селото било насилно почифлигувано од албанскиот насилник Касам-ќаја од село Гургурница, кој почнал да населува Албанци во селото. По зачестените комитски акции, Касам-ќаја и албанското население се повлекле, а македонското население со помош на селаните од Ракотинци и Добри Дол си ја откупиле земјата. ДемографијаСелото е иселено и нема жители. Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia