Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 20 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 40 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се следните:
Доселеници: Абдалар (21 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло имаат од Албанија. Го знаат следното родословие: Меџид (жив на 45 г. во 1950 година) Џеладин-Кадри-Емин-Абди Ќаја, кој се доселил. Тоа било во почетокот од XVIII век; Шопалар (20 к.) потекнуваат од фисот Соп во северна Албанија; Аџијалар (12 к.) доселени се од некое село во Горна Река. Уште подалечно потекло од Албанија; Аљиалар (11 к.) доселени се од мијачкото село Жировница во Долна Река. Основачот на родот говорел само македонски, но мешајќи се со Албанците сега во овој род се говори албански, и се сметаат за Албанци. Од Жировница се иселиле двајца блиски роднини, едниот се населил во Говрлево каде прешол во православие. Тие и сега постојат во тоа село (Скендеровци). Тие долго време се пазеле како блиски роднини. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 50 г. во 1950 година) Селам-Бислим-Бејтула-Алил, кој се доселил околу 1810 година во Говрлево, па набрзо прешол во Света Петка.[12]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“