Велешки револуционерен реон
Велешки револуционерен реон — еден од деветте револуционерни реони под склоп на Скопскиот револуционерен округ. Формиран за време на македонското револуционерно движење во 1894 година со центар во истоимениот град. Велешкиот револуционерен реон ја зафаќала велешката каза. Укинат заедно со организацијата во 1908 година. Првиот водач на револуционерниот реон бил Велко Думев од градот Воден. АктивностиФормирањеСо формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година се развило македонското национално движење. Покрај тоа што била формирана во 1893 година, организацијата конкретно почнала со нејзините активности после јануарската средба во 1894 година. Централниот комитет на МРО бил формиран заедно со шесте револуционерни окрузи — Скопскиот, Битолскиот, Солунскиот, Струмичкиот, Серскиот и Одринскиот кои делумно се третира како свој посебен округ. Формирањето на велешкиот револуционерен реон е како резултат на силната бугарска пропаганда во градот нападно спроведен од Бугарската егзархија. Според белешките на Бано Кушев, одредени професори од образовните институции во градот нејќеле образовниот систем да подпаднеме под бугарско влијание поради тоа пратиле писмо во летото 1894 година насочен кон Иван Хаџи Николов каде што побарале книги од неговата библиотека во Солун. Потписниците на апелот биле учителите Белев, Кулишев, Д. Цонев и П. Мишев. Егзархијата не ги прифатила условите и увезувала книги од библиотеката на Коне Самарџиев — егзархист.[1] Истовремено новоизбраната владика Авксентиј почнал да се меша во случајот. Тајно ги подржувал македонските револуционери. На празникот Свети Архангел Михаил кој се одвивал на 21 ноември според Јулијанскиот календар. Гоце Делчев, кој во тоа време престојувал во Штип каде што го формирал Штипскиот револуционерен реон, имал можност да го посети градот Велес. Во куќата на Анушка Коробарова Гоце Делчев собрал повеќе македонски дејци и ги приклучил во МРО. Гоце Делчев после тоа ги прашал дали се спремни да го носат тешкиот крст на ослободителното дело, учесниците рекле да и ја наведувале заклетвата. После настанот Велешкиот револуционерен реон бил формиран заедно со Велешкиот револуционерен комитет.[1] Пред и за време на Илинденското востание![]() Првата задача дадена на револуционерниот комитет е снабдувањето на оружја и материјали. Шнајдерот Диме Чочев, соработник со комитетот, бил задолжен да постави трговски врски со Гнилане и Бујановац и од таму успешно увезол 21 пушки, 42 револвери со по 100 куршуми. Од Србија, преку Скопје до Велес, оружјето го пренеле кираџии, а потоа било поделено помеѓу членовите на Организацијата.[1] Првиот претседател на Велешкиот револуционерен комитет тоест револуционерен реон бил Велко Думев, македонски револуционер од Воден. Неговиот мандат траел од 1894 година сѐ до 1896 година кога требал да даде отставка од неговата функција поради тоа што учествувал во Солунскиот конгрес во 1896 година. Подоцна во 1897 година бил пратен да соработува со Серскиот револуционерен округ. Во негово место го наследил младиот дваесет и три годишен учител и револуционер Ризо Ризов. Но неговиот мандат бил кратко траен поради тоа што бил прогонет од турската власт и морал да избегне од градот. Според велешкиот хроничар следните управители на комитетот биле Иван Богданов и Иван Војницалиев но следниот конкретен водач не е познат. Освен снабдувањето, комитетот го киднапирале дванаесеттиот годишен син на Саздо Весов, чорбаџиски трговец од Велес. Весов, кој во тоа време бил во Солун, му подарил Даме Груев 200 турски лири за да го ослободат нивниот син.[1] По наредба од Централниот комитет на МРО Велешкиот револционерен реон формирал месен комитет каде што соработувале со одредени Македонски Турци за материјални средства и помош со увезување на оружја. Нивниот обид бил успешен но некои Турци биле уапсани, убиени или интернирани во анови или затвори поради нивното учество.[2] Во неговите спомени објавени подоцна, Алексо Мартулков истакнал како покрај почетокот на XIX век македонските револуционери биле поделени во четири дела, следбеници на прогресивната струја, дејци на конзервативната струја, анархисти и социјалистите.[3] Мартулков особено истакнал како социјалистичкото јадро во Велес се развило во многу поголемо ниво и дека неможело да го потценат раководителите на комитетот. Пред и за време на Илинденското востание комитетот комуницирале со Ѓорче Петров. Поради недостигот на материјални средства во Скопскиот револуционерен округ немало многу револуционерни дејности при востанието. Едиствените активни воени дејства во велешкиот реон биле четите на Борис Сарафов и Андон Ќосето кои патувале од Битолскиот реон кон Бугарија покрај октомври 1903 година.[4] После Илиндеското востаниеПосле востанието положбата на револуционерниот реон се влошил. Тогашниот водач на комитетот бил Андон Димов, поранешен социјалист. Во спомените на Алексо Мартулков тој забележал како раководството било поделено меѓу две групи во вид на граѓанска војна. Либералната и поголемата група била предводена од страна на Андон Димов, поради тоа следбениците ги нарекувале Димовци. Конзервативната група била позната како „Чорбаџискиот елемент“ предводена од страна на д-р Петре Кушев и Андреја Чифчиристов. Во истиот период српската и бугарската пропаганда се засилиле во градот, професори од Бугарија и Србија почнале да предаваат во градот како дел од пропагандата, меѓу нив биле Давид Димитриевиќ, Кирковиќ и Жика Рајковиќ. Истовремено Јован Бабунски го посетил градот со неговата чета.[5] Главните водачи на т. н. „Чорбаџиски елемент“ имале желба да превземат раководство на револуционерниот комитет и да го определи револуционерниот реон кон врховизмот т. е. кон Кнежевството Бугарија. Поради вложената ситуација Александар Мартулков побарал помош од Ѓорче Петров. Петров пристигнал околу 1904 година, под негово водство формирал нов револуционерниот комитет во кои влегле и двете струи — димовците и чорбаџискиот елемент. Алексо Мартулков додадол во неговите спомени како Ѓорче Петров бил свесен дека комитетот не би траел за долго време, во еден разговор Петров истакнал: „Додека сум во велешкиов реон, ќе трае „општото“ раководство, но штом ќе го напуштам последното село од вашиов реон, расцепувањето ќе избувне одново со уште поголема сила. Нашата организација воопшто прилага на скапана антерија. Ти ја крпиш на едно, а таа пукнува на пет места“. Како што превидел Ѓорче Петров, поради противставените ставови во однос со македонското прашање комитетот пропаднал.[5] Во 1907 година Ефрем Чучков се обидел да организира средба за судбината на Скопскиот револуционерен округ, биле поканети претставниците од сите револуционерни реони на округот. Поради горенаведената причина велешките претставниците на реонот одбиле учество. Во 1908 година со укинувањето на Македонската револуционерна организација било укинато и Велешкиот револуционерен реон.[6] Водачи
Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia