По завршувањето на средното образование, работел како учител во штипското Ново Село, а потоа заедно со Гоце Делчев студирал во военото училиште во Софија. Потоа заедно со него и го напуштил училиштето. Учителствувал неколку години во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива организациската дејност на Организацијата.
Од крајот на 1897 година, Чучков бил во илегала. Тој бил меѓу организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров.[2] Кратко време во текот на 1902 година бил пунктовен началник во Ќустендил[3] при што бил јавно физички нападнат од врховистите.
Чучков бил втората по важност личност во обновената организација, по нејзиниот водач Тодор Александров. Тешко болен, Чучков умрел во Софија на 1 октомври1923 година.[6]
Негов внук е македонскиот револуционер и политичар Емануел Чучков.