Умерено - конзервативна струја (МРО)![]() Умерено - конзервативна струја[1][2] , Десница или Централистичко - конзервативно крило е струја или крило на Македонската револуционерна организација која се појавува по Илинденското востание. Нејзини по истакнати претставници се Христо Матов и Христо Татарчев, а за време на Рилскиот конгрес во отсуство на овие двајца на чело на ова крило застанал Даме Груев [2]. Основни принципи и начела
Принципите и начелата на оваа струја се наоѓаат во програмскиот документ Основите на Организацијата од Брут создаден од Христо Матов, а оваа брошура е создадена како против тежа на Директивата за идната дејност на Организацијата. Оваа брошура на Матов е преиздадена, како книга 1 на Македонската Револуционерна Библиотека во текот на 1925 година под насловот: Основи на Внатрешната Револуционерна Организација (Обид за собирање и формулирање на основите) со прилогот Што бевме — што сме, со предговор од Г. Баждаров во Софија [2]. Во неа биле поставени V принципа врз кој треба да се делува. Во однос на внатрешното устројство требало да се запази старото централистичко уредување, а во однос кон целта, Организацијата требала и понатаму да се залага за автономниот принцип. СудирНивен главен противник била Реформската струја, предводена од Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и др. По Илинденското востание, Конзервативната група токму со оваа струја ќе се судри и ќе започне борба, во почетокот преку дијалог, а подоцна и преку вооружена борба, каков да биде идниот пат на Организацијата, односно судир за контрола на самата револуционерна организација. Двете струи отворено се судриле за време на Рилскиот конгрес, а таквиот судир постепено ја достигнал својата кулминација кога во 1907 година по наредба на Јане Сандански биле убиени Борис Сарафов и Иван Гарванов. По ликвидациите Конзервативното крило го свикало Ќустендилскиот конгрес на кој Реформското крило и Серската група не била поканета и под претседателсво на Христо Матов, Санданистите биле осудени на смрт. Обид за обнова на Македонската револуционерна организација и трансформацијаДел од дејците на конзервативна струја по Младотурската револуција станале прврзаници или учествувале во работата на Сојузот на бугарски уставни клубови, а меѓу нив се нашол и Христо Татарчев. Во 1909 година Христо Чернопеев дошол во судир Јане Сандански и Серчани, тоа придонело Чернопеев да се приклони кон конзервативното крило кое дополнително било засилено со старите војводи како Апостол Петков и Тане Николов кој застанале на страната на Чернопеев. Во 1910 година Христо Матов и Христо Татарчев направиле обид за обнова на Македонската револуционерна организација. Во 1911 година бил избран Централен комитет во кој влегле Тодор Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев меѓутоа до потполно обединување на поранешните дејци на Македонската револуционерна организација не дошло. Меѓутоа составот на овој Централен комитет и организацијата која била поставена претставувале основа за идната дејност на ВМРО (Автономистичка), односо таа произлегла од конзервативната струја. ПолемикиВо постарата литература на оваа фракција и се давала идеолошка обоеност и се нарекува како Десница иако станува збор за револуционерна организација. Треба да се истакна дека оваа група се залагала за запазување на стариот централистички принцип, а во поглед на целта таа и понатаму се залагала за автономија. Дел од историчарите ова крило го жигосале како десно врховистичко крило т.е дека се залагало за присоединување на Македонија кон Бугарија иако од нивните нормативните акти како и од оние на ВМРО (Автономистичка) се гледа дека тие формално-правно никогаш не се залагале за тоа [2]. Во поновата литература се исфрла претставката Десница и се потенцира дека оваа групација се залагала за запазување на старите начела и принципи, отука се нарекува конзервативна струја. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia