Википедија:Автобиографија
Пишувањето автобиографија на Википедија е пример за уредување со конфликт на интерес и е обесхрабрено. Уредувањето биографија за себе е прифатливо само ако отстранувате недвосмислен вандализам или јасни и сериозни прекршувања на нашата политика за биографии на живи личности. Избегнувањето на такво уредување ја одржува Википедија неутрална и помага да се избегне туркање на одредена гледна точка. Пишувањето автобиографии е обесхрабрено, бидејќи е тешко да се напише неутрална, проверлива автобиографија, а има и многу замки. Би требало да почекате некој друг да напише статија за вас и вашите постигнувања. Проблемот со автобиографиитеПостојат голем број основни проблеми со автобиографиите:
Во овој контекст, „автобиографија“ не е само биографија што сте ја напишале за себе, туку и биографија што сте ја платиле или сте наредиле некој друг да ја напише во ваше име. Зошто постојат овие проблемиВашата сопствена неутралност не може соодветно да се одреди без надворешни извори или анализи. Несвесните предрасуди се вообичаени и проблематични во автобиографските написи, кои влијаат на неутралноста и проверливоста. Дури и ако мислите дека можете да напишете проверлива автобиографија, можеби сепак нема да можете да останете неутрални. На пример, фактот дека вашата работа е преведена на различни јазици или изведена во други земји, може да биде и намерна самопофалба, или пак да изнесувате детали кои можеби не се проверливи или не се релевантни за една енциклопедија. Ако Википедија веќе има статија за васТешко е да се пишува неутрално и објективно за себе, затоа треба да дозволите другите да пишуваат. Сепак можете на страницата за разговор на статијата да предложите измени и дополнувања, но треба да дозволите независните уредници да го вметнат тоа во самата статија. Во јасни случаи, дозволено е уредување на страници поврзани со вас, како: враќање на вандализам; но само ако тоа е очигледен вандализам, а не содржински спор. Слично на тоа, смеете да ги отстраните очигледно погрешните факти за себе, како што се брачниот статус, моменталниот работодавач, местото на раѓање, итн. со тоа што ќе ги запишете на страницата за разговор. Ако фактот има различни толкувања, другите ќе го уредуваат. Бидејќи Википедија е енциклопедија, таа треба да биде трет извор — не треба да содржи никакви „нови“ информации или теории (видете Википедија:Без свои истражувања) и повеќето информации треба да постојат во извори од неутрални страници што може да се проверат. Фактите и појаснувањата што можеби сакате да ги додадете во статија за себе мора да бидат проверливи со сигурни извори. Ако не сте значајни според начелата на Википедија, пишување на статија за себе ја крши политиката која вели дека Википедија не е место за бесплатна реклама или место за вашето работно си-ви, па според тоа, таквата статија ги исполнува критериумите за „брзо бришење“. Искуството покажува дека луѓето не се во состојба да одредат дали се доволно значајни за да ги има во една енциклопедија. Ако вашиот живот и достигнувања се проверливи и навистина од значење за да ве има на енциклопедија, некој друг веројатно ќе создаде статија за вас порано или подоцна. Имајте на ум дека ние сакаме биографии на Википедија, а не автобиографии.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia