Википедија:Правила за гласањеПравилата за гласање го опишуваат начинот на којшто се постигнува консензус и се носат одлуки на Википедија на македонски јазик. Правилата главно укажуваат колкаво е времетраењето на гласањето, кој има право на глас, на кој начин може да се гласа и како се затвора гласањето. Пропишани се различни правила за следните видови гласања: 1) доделување/одземање на кориснички права, 2) прогласување/ревизија на избрана содржина и 3) гласање за начела, напатствија и новини. Видови гласањеДоделување/одземање на кориснички праваВо случај кога е поднесено барање за доделување администраторски статус, одземање на администраторски статус или доделување на оценувачки статус важат следните правила:
Прогласување/ревизија на избрана содржинаВо случај да е поднесен предлог за прогласување на избрана статија или ревизија на избрана статија важат следните правила:
Гласање за начела, напатствија и новиниВо случај да е отворена дискусија на селската чешма во којашто се бара носење одлука од страна на заедницата заради воведување и изменување на начела и напатствија, заради изменување и дополнување на прирачникот за стилот и начинот на уредување, заради промена на изгледот на главната страница или заради други теми поврзани со уредувањето важат следните правила:
Други гласањаПостојат гласања коишто не спаѓаат во еден од претходно споменатите три вида и за нив важат посебни правила коишто мора да бидат јасно наведени на страницата на којашто се спроведува гласањето (на пр. гласање за избор на јубилејни статии). За воведување или изменување на таквите правила за гласање се применуваат правилата за гласање за правила, политики и новини. Дополнително, одлучувањето по барања поднесени на огласната табла за администратори не се опфатени со правилата опишани на оваа страница и за нив се одллучува врз основа на проценка на тежината на аргументите во дискусијата наместо со примена на демократско гласање. Измена на правила за гласањеПравилата за гласање опишани на оваа страница можат да бидат изменети преку дискусија и гласање за коешто се применуваат правилата за гласање за начела, напатствија и новини. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia