Википедија:Без лични нападиНе прави лични напади на Википедија е едно од правилата на Википедија. Личните напади не помагаат да се изгради позиција на Википедија, туку ја повредуваат заедницата на Википедија и одмага на корисници да создаваат добри и квалитетни статии. Лични напади на корисници можат да бидат избришани од кој било корисник и повеќе напади добедуваат до блокирање на корисници. Што се смета за личен напад?Дебатата е неопходен дел од културата на Википедија. Различни уредувачи често не се согласуваат со некоја содржина на некоја статија. Уредувачите се често дел од спротивставени заедници што посакуваат нивните ставови да бидат вклучени во самата статија. Уредувачот треба да биде цивилизиран и да биде окарактеризиран како добар Википедијанец. Како дел од учтивоста и делотворноста, коментарите не треба да бидат упатени кон одредено лице туку тие треба да бидат упатени кон акцијата или уредувањето, но во никој случај не кон корисникот. Како исклучок на ова е дискусијата помеѓу двајца корисници што не се согласуваат со дадена тема. За да се избегнат личните напади треба да се искоментира на преземената акција на дотичниот корисник, но не и кон неговиот идентитет. Лични нападиНема остра граница помеѓу тоа дали некој коментар е личен напад или не, но сепак постојат некои правила:
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia