Википедија:Начела за бришењеПравилата на Википедија за бришење опишуваат како страници можат да се избришат и отстранат од Википедија. Бришењето ја брише статијата и нејзините поранешни измени, односно историјата на самата статија. За разлика од бришењето на содржината кое може да биде направено од сите корисници, бришењето на статијата може да се изведе од страна на администратори. Администраторите моѓе да ја видат избришаната статија и да ја вратат назад во употреба. Причини за бришењеПричини за бришење ги вклучуваат следните работи:
Алтернативи за бришењеУредувањеАко статијата може да биде подобрена, тоа може да биде решено преку стандардното уредување. Различни видови на предлошки можат да се додадат на статијата за да го разрешат проблемот. Некои од најчестите можности се:
Страници со несоодветно име можат едноставно да се преименуваат со ново, посоодветно име. Разликите за името се разрешаваат на страната за разговор на соодветната статија. Вандализирање на статија може да биде избришано од секој корисник. СпојувањеСтатиите што се кратки и немаат можност за проширување, се спојуваат со други сродни статии. На пример, биографии на членови од семејство на некоја позната личност, во случај да се многу мали, се спојуваат со статијата на популарната личност. Ако две статии се удвојуваат, една треба да биде споена со другата и ова не побарува соодветен разговор. РазговорСпорови за страници и нивната содржина не се разрешуваат со нивно бришење. Несогласувања околу правилата и прописите не се разрешуваат со бришење. Тоа се разрешува со разговор на соодветната разговорна страница. Разговорт за спорната содржина се одвива на страната за разговор и тука се договорува конечниот изглед на статијата. Нерешливи спорови може да побараат администраторска помош. Други проектиНекои статии не припаѓаат на Википедија, но се соодветни за некои од братските пректи на Википедија. Таквите статии можат да бидат копирани и пренесени кон соодветните братски пректи и по префрлувањето статијата се брише. Во случај да статијата биде повторно создадена, тогаш се пренасочува кон соодветната статија од братскиот проект. АрхивирањеБришење на статии не се користи за архивирани статии. Достапност до избришани статииИзбришаните статии не се достапни за јавен преглед. Како и да е, тие остануваат во базата (барем привремено), и се достапни за администраторите. Секој корисник што има потреба од копија од избришаната статија може да побара и да му се даде од страна на администратор. Овие побарувања најчесто се одбивани ако содржината ги прекршува правилата на Википедија, најчесто авторското право.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia