Википедија:Правило на тројно враќањеЗа да пријавите насилство, видете Огласна табла за администратори.
Правилото за тројно враќање (често користено како 3РР) е:
Ова правило е дел од правилата на Википедија чија цел е да се спречи уредувачкото војување и важи за сите Википедијанци. Корисниците кои не се придржуваат кон ова правило можат да добијат блокирање од над 24 часа. Администраторите се стремат да даваат подолги блокови во случај на повторно прекршување на правилото, а при тоа можат да се земат предвид и останати фактори како цивилноста. Кога се случува прекршување на правилото од повеќе корисници, тогаш блокирањето се изведува за сите инволвирани корисници. Користење на ова правилоСтрана е секоја страна на Википедија, вклучувајќи ги и страните за разговор. Враќање е секое враќање, вклучувајќи ги и администраторските уредувања, кои ги враќаат уредувањата на останатите корисници целосно или делумно. Сериско враќање на зачувани уредувања од еден корисник, а при тоа да нема уредување помеѓу нив од друг корисник тоа се смета за едно уредување. Ова правило се користи за личност не за сметка, враќања направени од неколку сметки заедно. Исто така, ова правило се употребува за страна, односно се користи само ако корисникот направил три враќања на една статија. ИсклучоциПоради фактот што ова правило се користи за спречување на уредувачко војување, враќањата што се јасно видливи дека не се дел од војувањето не се опфатени со ова правило. Исто така со ова правило не се опфатени сопствените враќања на корисникот. Следните уредувања не се опфатени со ова правило и се сметаат за исклучоци:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia