Википедија:АгитирањеАгитирање е праќање пораки на повеќе википедијанци со намера да ги известат за одредена дискусија која се одвива на Википедија. Под одредени услови тоа е прифатливо, но пораките што се напишани за да влијаат на резултатот на дискусијата одошто на подобрување на квалитетот на разговорот може да се сметаат нарушувачки. На следнава табела се гледа кога известувањата се сметаат за прифатливи и соодветни или неприфатливи.
Пријателски известувањаНеутралните известувања испратени до мала група на корисници се сметаат за „пријателски известувања“ ако тие се наменети за подобрување, отколку за влијание врз разговорот. Така на пример, ако се отвори дискусија за која е потребен поискусен корисник, тогаш се испраќа молба до корисникот да го види разговорот и да даде свои придонеси. Запомнете секогаш пораките треба да имаат неутрален текст, и да оставате забелешка на страната на самата дискусија дека сте испратиле такво известување. Несоодветна агитацијаНесоодветна агитација е општо прифатлива како нарушувачко однесување на Википедија. Прекумерно постирање/ објавувањеВажните разговори понекогаш се случуваат на одредени локации на Википедија, па така корисниците се обидуваат да го популаризираат разговорот со масовно испраќање на електорнска пошта. Дури и ако целта на ваквото информирање не е да се влијае врз резултатот на дебатата, испраќање на објави до корисници што не се инволвирани во дискусијата се смета за штетно и неприфатливо. Кампањско агитирањеКампањското агитирање има за цел да се влијае врз личноста што ја чита пораката преку користење на ненеутрален тон, зборови или намери. Таквото однесување не се прифаќа на Википедија. Влијание врз гласањеВлијанието на гласањето е обид да се издејствува консензус преку селективни информирање на корисници кои имаат слични или исти ставови со корисникот што агитира и со тоа се охрабруваат да се вклучат во разговор. Тајно агитирањеПоради транспарентноста на праќање електронски пораки или видови на комуникација надвор од Википедија, ова не е прифатливо освен ако има јака и разбирлива причина за тоа. Во зависност од околностите, испраќањето на електронски пораки се гледа како негативна работа. Форумско однесувањеФорумското однесување се однесува на ситуација кога корисник постојано прашува за надворешни мислења сè додека не се достигне резултатот што тој корисник го посакува. Ова важи и за сите страници на Википедија. Одговор кон агитирањетоНајефективниот одговор кон агитирањето е учтиво да се побара од корисникот да престане да агитира на разговорите, и ако корисникот продолжи со агитирањето, тогаш тој се блокира за да се спречи понатамошно објавување коментари. Што повеќе корисници се инволвирани во ваквата ситуација толку повеќе вакво однесување е присутно. Корисници кои претходно биле замолени да не агитираат, се блокираат веднаш без повторно предупредување. Ако имаш намера да агитирашСледното упатство за испараќање пријателски известувања е широко прифатено од корисниците:
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia