Википедија:Велоекспедиции 2019
Во текот на 2019 година била организирана третата посебна експедиција во една област, Скопско, односно во селата на падините на Скопска Црна Гора, во областа Црногорија. Воедно, во текот на 2019 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија. Прва велоекспедицијаСкопско![]() На 12 октомври 2019 година (сабота), корисниците Ehrlich91 и Македонец се упатиле кон селата во областа Црногорија, каде што била спроведена третата организирана посебна велоекспедиција. Експедицијата започнала во утринските часови и првото село за посета било Орман, кое не е дел од наведената област, но учесниците поминувале низ него. Во селото биле посетени двете цркви, главната селска црква од каде била пружена и можност за панорамска фотографија на селото и манастирската црква пред селото, како и познатата мотокрос патека во селото. Потоа учесниците ја преминале реката Лепенец и се упатиле во првото село од областа Црногорија, а тоа се денешните споени села Бразда и Глуво. Бидејќи селото Бразда веќе имаше доста фотографии од самото село и од селската црква, како и познатата Бражданска гробница, учесниците направиле само неколку фотографии и продолжиле кон селото Глуво, каде ги посетиле двете цркви, обновената црква „Св. Атанасиј“ на ридот западно од селото и старата црква „Св. Никола“ во самото село. Потоа, продолжиле кон некогашното село Чучер, кое по Втората светска војна и новосоздадената населба Сандево веднаш под него, го добило името Чучер-Сандево, каде биле фотографирани споменикот и спомен-куќата на народниот херој Александар Урдаревски, како и средновековната црква „Св. Троица“. Од таму продолжиле кон средновековниот манастир „Св. Никита“, кој иако нарекуван бањански, претставува дел од селото Горњане. Иако на дофат на Скопје, манастирот и манастирската црква не располагале со голем број фотографии и немало статии за нив на самата Википедија. Од манастирот имало можност за убава панорамска фотографија на селото Горњане. Од него, учесниците продолжиле по асфалтот нагоре за да го фотографираат и селото Блаце. По спустот, се упатиле кон селото Бањане, каде ја фотографирале црквата „Св. Ѓорѓи“, која содржи интересен фрескоживопис, но за жал истата била заклучена и била фотографирана само нејзината надворешност. Во селото Бањане останале за фотографирање црквите во планинскиот дел на атарот, а учесниците продолжиле кон селото Кучевиште. Најпрвин го посетиле Кучевишкиот манастир, а од таму по земјен пат се упатиле кон црквата „Св. Спас“ (или службено позната како „Воведение на Пресвета Богородица“). По Кучевиште, продолжиле кон споеното село Побожје, каде исто така бил посетен манастирот, како и двете селски цркви, но и селското училиште. Како последно село било Љубанци, каде биле посетени дури четири селски цркви, почнувајќи со црквата „Св. Јован“, која добила и свои конаци и голема камбанарија, потоа гробјанската црква „Св. Богородица“, и двете цркви посветени на Свети Никола, манастирската над селото и селската во самото село.
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 11 села, заедно со бројни цркви и други културни и природни знаменитости.
ФотографииСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia