Орман (Скопско)За други истоимени места, погледајте Орман.
Орман — село во Општина Ѓорче Петров, во областа Скопско Поле, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Орман се наоѓа недалеку од регионалниот пат Скопје-Качаник и е сместено на десниот брег на реката Лепенец.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 350 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 11 километри.[2] Селото се наоѓа непосредно на десниот брег на реката Лепенец при неговиот излез од Качаничката Клисура. Покрај селото поминува железничката линија Скопје-Урошевац. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари во селото, но и од изворот Брес во атарот на селото.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Змијарник, Трлиште, Црвеница, Брес, Ливадиште, Пржини Ниви, Воденичиште, Средорек, Преку Јаруга, Метлиште, Лески, Коњушница, Желкарник, Стара Крушка, Чатал и Ограѓе.[3] Селото е мало и не е поделено на маала. Сите куќи се наоѓаат на исто место.[3] Во непосредна близина на селото во 2012 година започнала изградба на затворен комплекс за домување наречен „Верина“.[4] ИсторијаВо античко време, во близина на денешното село поминувал античкиот Вардарски пат, забележан во Појтингеровата карта.[5] На денешната местоположба на селото се верува дека се наоѓал манастирот „Св. Благовештение“. На манастирот припаѓало големото село Орман, сместено 300 метри јужно од манастирот, во месноста Брес, каде се наоѓаат остатоци од куќи.[3] Се верува дека во манастирот живееле калуѓери, но турската власт на денот на манастирската слава наредила да се сруши и да се убијат калуѓерите. Од масакрот се спасил само еден калуѓер, кој заминал за Скопска Црна Гора, каде во близина на селото Бањане подигнал нов истоимен манастир. Остатоците од стариот манастир може да се видат и денес во селото,[6] каде има и стари гробови.[3] Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. По рушењето на манастирот, селото го добила некоја „Циганка“[7] со својот син, која претходно помагала во манастирот. Од нив потекнувале и подоцнежните сопственици на селото. Чифчискиот начин на живот траел до 1925 година.[3] За околината на селото Орман, Јордан Хаџи Константинов-Џинот го забележал преданието за борбата меѓу Крали Марко и Муса Кесеџија, кои се договориле да се борат, при што, ако Муса биде убиен, Марко да му насади смокви, а ако Марко биде убиен, Муса да му насади лоза. Бидејќи победил Крали Марко, тој насадил смокви како спомен на борбата. Според Џинот, гробот на Муса Кесеџија се наоѓал до реката Лепенец и дека „в това село има до 1.000 дрва ораси, една чудесна и морална хубавина има.“[8] СтопанствоСелото има мал атар, кој зафаќа простор од 3,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 206 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано со името Орман Едхем Бег и било со христијанско население. Имало 14 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[9] Стефан Верковиќ го забележува со 71 жител.[10] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 45 жители македонски христијани.[11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орман имало 32 жители, сите Македонци кој биле под врховенството на Бугарската егзархија.[12] Во 1913 година, во селото биле евидентирани 76 жители. Било дел од Општина Бардовци.[13] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[14] Селото е мало, но без некои значајни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 265 жители, од кои 184 биле Македонци, 16 Срби и 3 Албанци. Во 1994 година, селото броело 227 жители, од кои 216 биле Македонци и 8 жители Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Орман живееле 461 жител, од кои 418 Македонци, 28 Срби, 2 Роми и 13 останати.[15] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 546 жители, од кои 481 Македонец, 3 Албанци, 22 Срби, 5 останати и 35 лица без податоци.[16] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОрман е македонско село. Според истражувањата од 1950-тите на минатиот век, родови во селото се:[3]
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, која е една од десетте општини на Град Скопје и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Идадија. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Ѓорче Петров. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вучидол (Волчи Дол), во која покрај селото Орман, се наоѓале и селата Вучидол, Грачани, Кучково и Никиштани. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Волчи Дол. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 2585 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во Орман.[21] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 246 гласачи.[22] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
ИселеништвоИзумрел родот Цветановци, биле доселени од селото Бардовци. Ормановци (9 к.) и Златановци (4 к.) се иселиле во селото Бардовци.[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia