Влад Кирикеш
Влад Јулијан Кирикеш (роден на 14 ноември 1989 година) е романски фудбалер, играч од одбраната на ФКСБ и поранешен репрезентативец на Романија. Првите години од кариерата Кирикеш ги поминал во својата родна Романија играјќи за Интернационал Куртеа де Аргеш, Пандуриј и Стеауа Букурешт, помагајќи му на последно споменатиот клуб да ја освои титулата во Лига 1 и Суперкупот на Романија, пред да се пресели во Тотенхем во 2013 година. Неговиот трансфер претставувал рекордна продажба на еден клуб од Романија и изнесувал 9,5 милиони евра. По две сезони во Премиер лигата, тој се преселил во Италија каде го поминал најголемиот дел од својата кариера играјќи за три клуба: Наполи (2015-2019), Сасуоло (2019-2022) и Кремонезе (2022-2023). Во 2023 година, се вратил во Романија каде одново го облекол дресот на ФКСБ (некогашната Стеауа). Кирикеш бил репрезентативец на Романија во периодот 2011-2022, играјќи 75 натпревари за својата земја. Тој ја претставувал Романија на Европското првенство 2016. Технички карактеристикиЦентрален дефанзивец, кој може да игра и како десен бек или дефанзивен играч за врска. Вешт е во маркирањето, контранападите, техничкото управување со топката и постигнувањето голови. Клупска кариераРана кариераКирикеш ја започнал својата младинска кариера во клубот од својот роден град ЛПС Бакау, како играч од средниот ред, па дури играл и како напаѓач неколку години подоцна кога се преселил во Ардеалул Клуж. Во оваа екипа, тој бил соиграч со, исто така, идните романски репрезентативци Михаи Радуц и Александру Максим.[2] Во 2007 година, Кирикеш се преселил во португалскиот клуб Бенфика.[3][4][5] По неговото враќање во Романија откако минал дванаесет месеци во Лисабон, Кирикеш му се придружил на клубот од пониските лига на романскиот фудбал Интернационал Куртеа де Арџеш и им помогнал да постигнат промоција во првата лига во 2009 година.[6] Во 2010 година, набргу откако Интернационал се распаднал и бил распуштен, тој се преселил заедно со многу негови соиграчи во Пандуриј.[7] Во истото време, Кирикеш бил блиску да потпише за Стеауа Букурешт, но нивниот тренер Виктор Пицурка не го одобрил овој трансфер.[8] Стеауа БукурештПо една сезона во Таргу Жиу, Кирикеш на крајот сепак потпишал за Стеауа во трансфер вреден 700.000 евра и 25% за Пандуриј во случај на идна продажба.[9] Стеауа подоцна платила уште 500.000 евра за преостанатите проценти кој биле сопственост на Пандуриј во август 2013 година, со што вкупната сума на трансферот достигнала 1,2 евра милиони.[10] На 25 октомври 2012 година, тој постигнал гол од волеј речиси од белата точка во победата со 2–0 против Молде во Лига Европа, со што Стеауа ја контролирала групата Е.[11] Кирикеш постигнал гол од далечина против Ајакс на 21 февруари 2013 година, анулирајќи ја негативата од два гола во првиот натпревар, за потоа Стеауа да триумфира преку пенал серијата и да обезбеди осминафинале против победникот на Лигата на шампионите во 2012 година, Челси.[12][13] Тој повторно постигнал гол на гости, израмнувајќи го резултатот за 1-1 со добра завршница од непосредна близина на полувремето во поразот од 3-1 во реваншот против „сините“ на Стемфорд Бриџ, откако Стеауа победил на првиот натпревар 1–0.[14] ТотенхемНа 30 август 2013 година, Тотенхем платил 9,5 милиони евра за да го потпише Кирикеш од Стеауа, што во моментот била најголемата продажба во романското првенство.[15][16] Своето деби за Спарс го направил на 24 септември во победата со 4-0 над Астон Вила во Лига купот.[17] Неговото деби во Премиер лигата било против истиот противник, при победата со 2–0 на 20 октомври во која навивачите го изгласале за играч на натпреварот.[18] На 4 декември, Кирикеш го постигнал својот прв гол за Тотенхем, со удар надвор од шеснаесетникот во победата со 2-1 над Фулам.[19] Кон крајот на зимскиот преоден рок на 2015 година, италијанската екипа Рома понудила 500.000 евра за да го добие Кирикеш на шестмесечна позајмица, понуда која била оценета како премногу ниска од Тотенхем и потоа одбиена.[20] На 9 мај 2015 година, тој бил исклучен добивајќи два жолти картони во поразот со 3–0 од Стоук Сити на стадионот „Британија“.[21] Наполи![]() На 30 јули 2015 година, Кирикеш потпишал четиригодишен договор со италијанскиот клуб Наполи во трансфер вреден 4,5 милиони фунти.[22] Дебитирал за Наполи на 23 август 2015, во првенствен натпревар против Сасуоло, кој завршил со пораз на неговата екипа од 2–1.[23] На 1 октомври, тој го одиграл својот прв натпревар за Наполи во Лига Европа, во Варшава против Легија Варшавија, во рамките од второто коло од групната фаза што завршил со победа на италијанската екипа од 2-0. Во ова натпреварување, на 26 ноември, тој го постигналл својот прв гол за партенопеите во натпреварот добиен со 0-1 против Бриж. На 5 март 2016 година, тој го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот Наполи-Кјево 3-1, набргу откако направил грешка што довела до голот на Никола Ригони за гостите.[24] Тој играшел уште три сезони во Наполи, во кои што не можел да најде доволно простор за игра и поради конкуренцијата и поради честите повреди. СасуолоНа 2 септември 2019 година, Кирикеш му се приклучил на Сасуоло на позајмица со обврска за откуп на крајот од сезоната.[25][26] Дебитирал за емилијанците на 15 септември во поразот со 4-2 од Рома. После тешката прва сезона во клубот во која пропуштил многу натпревари поради повреди, во втората се изборил да биде стартер и го постигнал првиот гол за неровердите во ремито 3-3 против Торино.[27] КремонезеНа 8 јули 2022 година, Кирикеш потпишал за новопромовираниот член на Серија А, Кремонезе.[28] ФКСБНа 25 јули 2023 година, тој потпишал за ФКСБ, каде што се вратил по десет години.[29][30] Репрезентативна кариера![]() Кирикеш го направил своето деби за сениорската репрезентација на Романија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2012 против Луксембург на 2 септември 2011 година.[31] На 14 август 2013 година, на возраст од 23 години, Кирикеш за првпат излегол на терен како капитен на романската репрезентација, во ремито 1–1 со Словачка во пријателски натпревар. Потоа, тој ја предводел репрезенацијата како капитен во три натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, каде сепак романците не успеале да се квалификуваат. Кирикеш бил стандарден првотимец на својата земја во квалификациите за Европското првенство 2016, низ кој романците успешно минале и се квалификувале за првото големо натпреварување после пауза од 8 години. Во меѓувреме, тој ја преземал капитенската лента од Разван Рац на почетокот на 2016 година, станувајќи прв капитен на репрезентацијата до неговото повлекување од истата. На Европското првенство 2016,[32] Кирикеш како капитен од почеток до крај ги одиграл сите три натпревари на Романија во групната фаза, во која тие освоиле само еден бод и неуспеале да минат натаму. Својот последен натпревар за репрезентацијата, Кирикеш го одиграл во поразот со 0-3 од Црна Гора во УЕФА Лигата на нации на 14 јуни 2022.[33] Вкупно за Романија одиграл 75 натпревари без да постигне погодок. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 4 јули 2024.
Репрезентативна статистикаСтатистиката е ажурирана на 29 ноември 2024.
ТитулиКлупскиСтеауа Букурешт
ПоединечниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia