Врапчин
Врапчин (грчки: Χειμάδιο, Химадио, или Χειμάδιον, Химадион, до 1928 година Βράπτσιν, Врапцин или Βράψιν, Врапсин[1]) - раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Суровичево, во областа Западна Македонија. Со пописите од 1981 и 1991 година жителите се вклучени во соседното село Сребрени[2]. Географија и местоположбаВрапчин е сместено на самиот западен брег на Врапчинско Езеро (Рудничко Езеро). Селото се наоѓа на надморска висина од 600 м. Всушност тоа било колибарска населба на селаните од Сребрени. ИсторијаЗа време на Османлиското Царство во селото живеел турски семејства кои се иселиле за време на Првата балканска војна. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врапчин се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[3] Селото било напуштено во текот Грчката граѓанска војна[2]. ДемографијаМилоевиќ наведува дека во селото живееле 8 турски семејства. Истите се разбегале за време на Првата балканска војна, а имотите ги откупиле Македонци од соседното Сребрени. Движењето на населениото по години е следното[2]:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia