Ќоселер (Леринско)
Ќоселер или Ќосилер (грчки: Αντίγονος, Андигонос; до 1928 г. Κιοσελέρ, Ќоселер[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 424 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3] ГеографијаСелото е сместено во областа Сариѓол, на јужните падини на планината Каракамен.[3] Лежи 6 км источно од Чалџиево и 10 км јужно од Суровичево. Во селото се наоѓа Ќоселерскиот манастир („Св. Григориј Палама“).[4] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Куселери (Kusséléri) е спомнато двапати — еднаш како село во Леринската каза со 150 домаќинства од 160 муслимани и 340 Македонци,[5] а вторпат како село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и од 29 жители муслимани.[6] Можно е првиот податок да се однесува на поранешна состојба, кога селото сè уште било етнички мешано. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Ќоселер:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ќоселери имало 750 жители Турци.[8] Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Ќуселер (Κιουσιλέρ) живееле 1.000 Турци.[9] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1,084 жители кои во 1920 г. нараснале на дури 1.714.[3] По силата на Лозанския договор населението е иселено во Турција, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Во 1928 г. селото е преименувано во Андигонос.[10] Истата 1928 г. Ќоселер е заведен како наполно дојденско село со 595 жители (148 семејства).[11] Во 1940 г. Ќоселер имал 572 жители, кои во 1961 г. пораснале на 653. Меѓутоа, во следните години дел од жителите се преселиле во градовите (особено во Кајлари) поради неплодноста на земјиштето.[3] Така, веќе во 1971 г. населението се намалило на 468 лица.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоВо селото се одгледува жито и тутун.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia