Гулинци (Леринско)За други истоимени места, погледајте Гулинци.
Гулинци (грчки: Ροδώνας, Родонас; до 1926 г. Γκιούλεντς или Γκιουλέντζα, Гуленц, Гуленѕа[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа на 28 км југоисточно од Лерин и на 6 км западно од Суровичево, по патот за Костур. ИсторијаНа местото на Гулинци има остатоци од средновековна населба, за која сведочат остатоците од градба од византиско време во месноста Тумба Ливада. Во Отоманското ЦарствоВо османлиско време ова било големо село населено со Македонци. Во дефтерите за Леринскиот вилает од 1626-27 г. селото се води како Ѓуљунче со 82 даночно обврзани христијански домаќинства.[3] Во XVIII век Али-паша Јанински во Гулинци населил Турци Јуруци кои постепено го истиснале домородното население, земајќи им ја плодната земја. Според Боривое Милоевиќ, последните Македонци пребегале од Гулинци во Горно Врбени некаде помеѓу 1840 и 1850 г.[4] На крајот од XIX век Гулинци било мешано турско-ромско муслиманско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишал Гулинци како македонско село.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Гулинци е спомнато двапати — еднаш како Гуленци (Goulentzi), село во Леринската каза со 27 домаќинства сочинети од 82 Роми и вторпат како Гулинци (Goulintzi), село во Џумалиската каза со 110 домаќинства сочинети од 55 муслимани и 350 Македонци.[7][8] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Гулинци во 1900 г. живееле 20 Турци и 150 Роми.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гуленци е мешано село со Македонци, Власи, Албанци и Турци во Леринската каза на Битолскиот санџак, вкупно 39 куќи.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле и 16 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 Албанци христијани.[11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ѓулинци (Гjулинци) пред Балканските војни се состоело од 15 куќи на Турци.[12] За време на неговата посета во 1917 или 1918 г. во селото останала само една македонска куќа, но сепак сè уште постоела црквата, христијанските гробишта, две свети води и темели од претходни македонски куќи.[4] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 97 жители кои во 1920 г. се накачиле на 129.[13] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население на Гулинци е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Кавказ. Во 1928 г. тоа станало чисто дојденско село со 28 семејства сочинети од 91 лице.[14] Во 1926 г. селото е преименувано во Родонас.[15] Во селото се одгледува жито и овошје, а сточарството слабо развиено поради ограничените пасишта.[13]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia