Долно НеволјаниОваа статија се однесува на село во Леринско. За други места, погл. Неволјани (појаснување).
Долно Неволјани (грчки: Βαλτόνερα, Валтонера или Βαλτόνερο, Валтонеро; до 1928 г. Κάτω Νεβόλιανη, Като Неволяни[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2011). ГеографијаСелото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 46 км јужно од Лерин и 6 км југоисточно од Ајтос. Лежи близу источниот брег на езерото Зазерци. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото првично било населено исклучиво со Македонци, кои подоцна биле делумно истиснати од муслиманско население, па селото станало мешано во бројна полза на муслиманите.[3] Наречено е Долно Неволјани, за да се разликува од другото Неволјани во Леринскои — наречено Горно Неволјани. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Неволјани имало 150 жители Турци и 150 жители Роми, изоставувајќи го македонското малцинство.[5] Меѓутоа, според српскиот географ Боривое Милоевиќ во годините пред Балканските војни Долно Неволјани се состоело подеднакво од 10 македонски и 10 турски куќи.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Неволјани се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 76 куќи.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 204 жители, кои во 1920 г. опаднале на 171 жител.[3] Во 1920-тите муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место грчката власт донела грчки колонисти од Кавказ и Власи од Епир. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојенско со 168 жители од 54 семејства, испуштајќи ги преостанатите Македонци.[7] Истата 1928 г. е преименувано во Валтонера, што значи „блатна вода“.[8] Според истражување од 1993 година селото мешано со дојденско, словенојазично (т.е. македонско) и влашко население. Забележано е дека понтскиот грчки меѓу дојденците е зачуван на средно ниво.[9] Општествени установи
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото одгледува жито, тутун, компири и преработка на сточарски производи.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia