Коларица
Коларица или Коларци (грчки: Μανιάκι, Мањаки; до 1960 г. Μανιάκη; до 1927 г. Κολάρτζα, Коларѕа[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 484 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3] ГеографијаСелото е сместено 12 км северно од Чалџиево, 20-тина километри источно од Суровичево и 25 км северно од Кајлари.[3] Лежи во котлината Сариѓол, на источниот брег на Островското Езеро, спроти селото Пателе. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Коларица:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коларица имала 250 жители Турци.[5] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 460 жители кои во 1920 г. нараснале на 541 лице.[3] Во 1920-тите, по сила на Лозанскиот договор, жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Мањаки.[6] Во 1928 г. Коларица е заведена како наполно дојденско село со 219 жители од 58 семејства.[7] Во 1960-тите дошло до големо опаѓање на населението поради масовно иселување во поголемите градови, иако состојбата се подобрила во текот на 1970-тите, кога бројноста се повратила на поранешно ниво.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението произведува тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia