Ново Село (Леринско)
Ново Село, Новоселско, Ветко Ново Село или Горно Новоселско (грчки: Νέα Κώμη, Неја Коми; до 1926 г. Νόβο Σέλο, Ново Село или Νοβοσέλι, Новосели[1]) - раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Суровичево, во областа Западна Македонија. Најверојатно селото било растурено за време на Првата светска војна[2]. Географија и местоположбаНово Село е сместено на самиот самиот пат од Суровичево до Кајлари. Селото се наоѓа на надморска висина од 580 м. ИсторијаЗа време на Османлиското Царство оваа населба била чифлигарска сопственост на некој бег. Милоевиќ ја спомнува како Ветко Ново Село. Селото најверојатно било растурено во текот Првата светска војна[2]. ДемографијаСпоред К’нчов на оваа чифлигарска населба работеле 120 Роми, а Милоевиќ пишува дека селото имало 5 турски куќи. Во пописот од 1920 година не се споменува, а во оној од 1928 година регистрирани се 13 жители, само мажи што укажува дека ова било имот на кој работеле мажи од околните села. Движењето на населениото по години е следното[2]:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia