Вратиславци
Вратиславци (се среќава и како Братиславци) — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево. Географија и местоположбаВратиславци е сместено во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Делчево, на југоисточните огранки на Осоговските Планини, а неговиот атар на север се граничи со Бугарија. Селото е планинско и неговите маала се издигаат на надморска височина од 760-860 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11,7 км2.[2] Селото е од разбиен тип и се состои од повеќе маала: Балтаци, Галабовци, Илиовци, В’ците, Горно Маало и Терѕиите. ИсторијаВо почетокот на XX век, Вратиславци било село во Малешевската каза на Отоманското Царство. Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3] Во Втората светска војна имало повеќе учесници од селото, а Никола Ивановски загинал во пробивањето на Сремскиот фронт, за што посмртно му е доделена Партизанска споменица. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4] СтопанствоСелото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 633,9 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 305,4 ха, а на пасишта отпаѓаат 163,5 ха.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вратиславци живееле 128 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 128 Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7] На пописот од 2002 година, селото имало 32 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 лицe без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЖителите на селото главно потекнуваат од следните семејства: Атанасовски, Анастасовски, Ивановски, Гоцевски, Начевски, Велиновски, Стојменовски, Стоименовски и Мијалчовски. Самоуправа и политикаСелото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година. Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Луковица општина во склоп на Делчевската околија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0600 според Државната изборна комисија.[14] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[16] Културни знаменитости
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia