Очипала, се среќава и како Очипале или Очипаре — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
Куќи во селото
Очипала се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, на оддалеченост од околу 5 км од Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри. Неговиот атар зафаќа површина од 6,7 км2.[2]
Историја
Во почетокот на XX век, Очипала било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 212 ха, шумите се на површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓаат 179 ха.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
Доселеници:Топчији (6 к.) доселени се во 1885 година од селото Драмче; Прдловци (3 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Малчове (3 к.) доселени се во 1911 година од селото Бигла; Мишеве (5 к.) доселени се во 1913 година од селото Бигла; Дуовци (4 к.) доселени се во 1914 година од селото Драмче; Јовановци (5 к.) доселени се во 1914 година од селото Киселица; Мандалевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Драмче.[11]
Општествени установи
Во селото има основно училиште до четврто одделение.
Самоуправа и политика
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0589 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на старото училиште.[12]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“