Град (Делчевско)За други значења на поимот, погл. Град (појаснување).
Град — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига на западната падина на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2] Атарот е голем и зафаќа простор од 27 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.142,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1041,1 хектар, а на пасиштата 356,3 хектари.[2] ИсторијаВо XIX век, Град било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. Само 9 жители на ова село се заведени како жртви во Втората светска војна.[3] СтопанствоСелото, во основа, има мешовита функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Град имало 590 жители, од кои 560 муслимани и 30 православни.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Град имало 40 жители.[5] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Град имало 664 жители Македонци, од кои 563 муслимани и 101 православен.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 450 Турци.[7] Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 899 жители, од кои 850 биле Македонци, а 49 Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 696 жители, од кои 679 биле Македонци, а 14 жители Турци.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Град живееле 534 жители, од кои 518 Македонци, 15 Турци и 1 Србин.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 295 Македонци, 1 Албанец, 9 Турци, 5 останати и 45 лица без податоци.[9] На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Град се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0585 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 471 гласач.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 463 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]()
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia