Чифлик (Делчевско)За други истоимени места, погледајте Чифлик (појаснување).
Чифлик — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Пијанец, во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, јужно од градот Делчево, на само неколку километри.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри.[2] Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 572 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129 хектари, а на пасиштата 63 хектари.[2] ИсторијаВо XIX век, Чифлик било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство. СтопанствоСелото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] Население
Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 218 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 51 жител, сите Македонци.[3] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 23 Македонци и 8 лица без податоци.[4] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево. Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Делчево, во која влегувале градот Делчево и селата Очипала, Полето, Чифлик и Шопје. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија и Шопје. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0596 според Државната изборна комисија.[10] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[12]
ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia