Габрово (Делчевско)Оваа статија се однесува на село во Делчевско. За останати значења, погл. Габрово.
Габрово или Турско Габрово — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.[2] ИсторијаВо почетокот на XX век, Габрово било село во Малешевската каза на Отоманското Царство. Само 4 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоСелото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.545,9 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 505,2 ха, а на пасишта 503,5 ха.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 415 жители, од кои 400 Македонци муслимани и 15 Роми.[4] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 534 жители, сите Македонци, од кои 517 муслимани и 17 православни.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 794 жители, од кои 791 Македонец и 3 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 606 жители, од кои 558 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 6 останати и 40 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Габрово:[9]
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 0588 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[11] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 686 гласачи.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 662 гласачи.[13] Културни знаменитости![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia