Киселица (Делчевско)За други истоимени места, погледајте Киселица (појаснување).
Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево. Географија и местоположба![]() Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.[2] ИсторијаВо почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоСелото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6] На пописот од 2002 година, селото имало 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија. Избирачко место![]() Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.[12] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14] Културни знаменитости
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia