Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар на тесен дел се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 700 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 387 хектари, а на пасиштата 162 хектари.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Стамер имало 202 жители Македонци, од кои 154 муслимани и 38 православни.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Селото во 1961 година имало 264 жители, од кои 249 биле Македонци, а девет жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 447 жители, исклучително македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стамер живееле 344 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 259 жители, од кои 232 Македонци, 1 Албанец, 4 останати и 22 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Стамер се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Турија, Чифлик и Шопје.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
Во истражувања на Природонаучниот музеј откриени се фосили на носорог, кои го потврдуваат животинското богатство на пикерминската фауна на ова местокој најверојатно бил мочуриштен, односно со поголеми водни површини. Фосилите биле откриени од Љубе Митевски, рударски инженер од селото. Праисториската масовна гробница на животни кај делчевски Стамер стана светски позната локација по капиталното откритие на черепот на жирафа која потекнува од раниот плиоцен и е првиот череп од жирафа откопан во Европа.[17]
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 228.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јули 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“