Пештани (Прилепско)
Пештани — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, на крајниот северозападен дел на територијата на поранешната Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 18,5 км2. Ha него преовладуваат пасиштата на површина од 1.297 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на наполно раселување, a е населена со македонско население. ИсторијаСелото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првичното жителско име со наставка -јане од пешт, односно, пештера, пешт. Во XIX век Пештани било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештани (Peschtani) било село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештани има 280 жители, сите христијани. Во почетокот на XX век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештани имало 304 под врховенството на Бугарската егзархија. Според Георги Трајчев, во Пештани имало 45 куќи со 280 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. А додека во 2015 година има 5 жители претежно стари лица коишто се занимаваат со сточарство. СтопанствоНаселениеНа Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Пештани живеат 20 жители, сите Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1524 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[9] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЗа 2 август во црквата Св. Илија која што се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид се собираат пештанци и луѓе од разните краеви на Македонија за да го прославаат празникот Илинден. Исто така за 1 Мај црквата Св. Петка која што е на десната страна на селото се собират народ за да го прослават државниот празник подетални фотографии. ЛичностиКултура и спортИселеништвоНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia