Селото е сместено во областа Козјачија, околу 18 км североисточно од општинското средиште Старо Нагоричане. Северно од самото село минува автопатот А2, поточно делницата Куманово - Крива Паланка. Низ источниот дел на атарот, покрај неколку маала минува потокот Ругински Дол.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Староседелци:Нешинци (6 к.), Ивковци (6 к.) и Павловци (6 к.)
Доселеници:Паланчанци (6 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Брештанци (6 к.) доселени се од селото Брешко; Калинци (5 к.) доселени се од селото Димонце; Чичарејци (1 к.) доселени се од селото Куклица кај Кратово; Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Орах; Николовци (4 к.) доселени се од некое околно село, козјачко; Додаци (6 к.), Мишаци (6 к.), Партурци (4 к.), Јовановци (2 к.), Милошовци (11 к.), Шолевци (1 к.), Мечкарци (2 к.) и Газдевци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Арсевци (3 к.) они се православни Роми.[15] Доселени се од селото Коњух.
Иселеништво
После Втората светска војна многу население се иселиле во разни градови од бивша Југославија.
Постари и понови иселеници имало и во Макреш (Младенови), Анѓеловци се иселиле некаде во Србија. А исчезнале и Глогинци.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“