Долина на Марна
Долина на Марна (француски: Val-de-Marne; Вал-де-Марн) ― департман во Франција, сместен во регионот Ил-де-Франс. Именуван по реката Марна, се наоѓа во метрополата Голем Париз југоисточно од градот Париз. Во 2019 година, Долина на Марна имала население од 1,407,124 жители.[2] Нејзиниот број на Националниот институт за статистика и економски студии, и поштенски број е 94. ГеографијаВал-де-Марн е, заедно со Сена-Сен-Дени и Сенски Висови, еден од трите мали департмани во Ил-де-Франс кои образуваат прстен околу Париз, познат како Внатрешен круг (Petite Couronne). Од 1 јануари 2016 година, Вал-де-Марн bila вклучен во Метрополата Голем Париз. Поважни гратчињаНајнаселена комуна е Витри на Сена ; префектурата Кретеј е втора најнаселена. Од 2019 година, има 5 комуни со повеќе од 60.000 жители:[2]
АдминистрацијаВал-де-Марн е составен од 3 окрузи и 47 комуни: ИсторијаВал-де-Марн била создадена во јануари 1968 година, преку спроведување на закон донесен во јули 1964 година. Со положба југоисточно од париската обиколница (и линијата на старите градски ѕидини), таа била создадена од јужно-источниот дел на (претходно многу поголем) департман Сена, заедно со мал дел земен од отцепениот департман Сена и Уаз. ДемографијаРазвој на населението од 1881 година:
Туризам
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia