Ена (департман)

Ена
Aisne
Департман
Знаме на ЕнаГрб на Ена
Местоположба на Ена во Франција
Местоположба на Ена во Франција
Координати: 49°30′N 3°30′E / 49.500°N 3.500°E / 49.500; 3.500
ЗемјаФранција
РегионГорна Франција
ПрефектураЛан
ПотпрефектуриШато Тјери
Сен Кантен
Соасон
Вервен
Управа
 • Претс. на ген. советИв Додињи (PS)
Површина
 • Вкупна7.369 км2 (2,845 ми2)
Население (1999)
 • Вкупно535.489
 • Ранг49-ти
 • Густина73/км2 (190/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Департман бр.02
Окрузи5
Кантони42
Општини816

Ена (англиски: Aisne) — департман во областа Пикардија, денес во состав на регионот Горна Франција на северот од земјата. Наречен е по реката Ена.

Историја

Ена е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790. Составен е од делови од дотогашните покраини Ил де Франс, Пикардија и Шампања.

Највеќето стари шуми во подрачјето на департманот се уништени во Првата светска војна. Офанзивата на сртот Шеман де Дам во пролетта 1917 понекогаш се нарекува „Втора битка на Ена“.

Географија

Ена се граничи со Арденската шума и Белгија на североисток. Реката Ена минува низ департманот во правец исток-запад, и потоа се влева во Оаза. Реката Марна образува дел од јужната граница со департманот Сена и Марна. Јужниот дел на департманот е посува висорамнина позната по млечни производи и сирењето бри.

Во пејзажот предоминираат карпести масиви со стрмни крила. Најзабележителни се оние кај Лан и сртот Шеман де Дам.

Најголеми населени места во департманот се:

Клима

Департманот добива просечни атмосферски врнежи од 500-750 мм годишно.

Стопанство

Стопанството е претежно земјоделско. Се одлегуваат големи количини на житарки и шеќерна репка. Во Сен Кантен и други места значајна гранка е текстилната индустрија, со многу ткајачници на свила, памук и волна. Во Сен Гобен се произведуваат огледала уште од XVII век. Гиз е центар на земјоделството во северниот дел на Ена.

Познати личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya