Приморски Алпи (департман)
![]() Приморски Алпи (француски: Alpes-Maritimes, окситански: Aups Maritims) — департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, во крајниот југоисточен агол на Франција. Географија![]() Приморските Алпи се граничат со департманот Вар на југозапад, Горнопровансалските Алпи на северозапад, Италија и Монако на исток и Средоземното Море на југ. Топографијата е мошне разновидна. Како што кажува името, во него се протега венецот Приморски Алпи, но подеднакво својствен му е и средоземниот брег. Овие крајбрежни предели се густо населени, со непрекината конурбација од Кан од Ментон. Планинските краишта се рурални, со исклучок на големите скијачки центри Валбер, Орон и Изола 2000. Административна поделба![]() Приморските Алпи се делат на два округа: Окрузите имаат 52 кантона со вкупно 163 општини. Најголемите градови во департманот се слениве:
ИсторијаПодрачјето на департманот за првпат се јавува како целина во 14 г. п.н.е. кога е основан римски воен округ по иницијатива на царот Октавијан Август. Кон средината на I век се претвора во провинцијата Приморски Алпи (Alpes Maritimae) со главен град во Цеменелум (денес населбата Симје во Ница), а потоа во Ембрен. При најголемиот територијален опфат во 297 г., провинцијата се протегала на север сè до Дињ и Бријансон. Од 1793 до 1814 г. на ова подрачје опстојувал првиот департман Приморски Алпи, но со различни граници од денешните. Во 1793 г. во него спаѓале Монако (Порт Еркил) и Санремо (Сан Рем), но не и Грас, кој тогаш бил дел од департманот Вар. Во 1812 г. департманот броел 131.266, жители и зафаќал површина од 322.674 хектари.[1] Во 1860 г. допаѓа до проширување на Приморските Алпи со припојување на тогашната грофовија Ница кон Франција. Кон департманот се придодадени независните градови Ментон и Рокебрин, како и округот Грас, отстапен од Вар. СтопанствоСтопанството на Приморските Алпи во голема мера се заснова на услужните дејности. Високо се развиени и истражувачката и вишите дејности. Земјоделството и индустријата играат мошне мала улога. Од поголемо значење се градежништвото и другите јавни дејности. Стопанството е многу чувствително на промени на состојбите во државата и на меѓународен план. Невработеноста изнесува 9,1%. Според INSEE, во 2005 г. Приморските Алпи имале БДП по глава на жител од 27.723 евра.[2] Вкупниот БДП изнесувал 29,6 милијарди евра.[2] ПоврзаноБиблиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia