Ер и Лоар
Ер и Лоар (француски: Eure-et-Loir) — департман во регионот Центар-Долина на Лоара, северозападна Франција. Наречен е по реките Ер и Лоар кои течат низ него. ИсторијаОва е еден од првобитните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. согласно законот усвоен претходната година. Создаден е од делови на дотогашните покраини Орлеане (Бос) и Мен (Перш), но и делови од Ил де Франс (Друе, Тимере, Долина на Авр, Ирепоа). Денешниот департман Ер и Лоар ја опфаќа средишната територија на галскиот народ Карнути, чија престолнина била во Аутрикум (Шартр). Припадниците на овој народ биле следбеници на друидската вера и се среќавале на годишен друидски собор во местото Шума на Карнутите. Во северниот дел на департманот живеел помалку познатиот народ, Дурокаси, чија престолнина била во Дре. ГеографијаЕр и Лоар го зафаќа главниот дел на земјоделскиот крај Бос, а управно е во состав на регионот Центар-Долина на Лоара. Се граничи со департманите Лоар и Шер, Лоаре, Есона, Ивлин, Ер, Орн и Сарта. СтопанствоЗемјоделствоДепартманот има многу развиено земјоделство, особено во областа Бос. Ова подрачје е најголемиот производител на жито, маслодајна репка и грашок во Франција.[1] Земјоделското стопанство во голема мера е зависно од регулираноста на пазарите на земјоделски култури. Житото во голема мера е најзастапена култура; зафаќа 40 % од обработливото земјиште и учествува со 29 % од земјоделското производство. Индустрија
ЕнергетикаДепартманот е предводник во обновливата енергетика. Го зазема второто место во земјата по производството на струја од ветерни електрани и првото место во сончевото електропроизводство. Посетителски места
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia