Оаза (департман)
Оаза (француски: Oise) — департман во регионот Горна Франција на северот на истоимената земја. Наречен е по реката Оаза. ИсторијаОаза е еден од изворните 83 департмани воведени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Создадена е земајќи делови од покраините Ил де Франс и Пикардија. По извојуваната победа во Битката кај Ватерло, британската војска го окупирала департманот, што траело од јуни 1815 доноември 1818 г. ГеографијаОаза е дел од денешниот регион Горна Франција и лежи на 35 км северно од Париз. Опкружен е од департманите Сома, Ена, Сена и Марна, Долина на Оаза, Ер и Приморска Сена. Поважни населени места
ТуризамНајвеќе посетители во департманот добива забавниот парк „Астерикс“ отворен 1989 г. Други места од особено културно-историско значење се катедралата „Св. Петар“ во Бове, замокот Пјерфон обновен од Ежен Виоле ле Дик и ликовната збирка во Шантији, една од најголемите вон Париз.
Збратимени местаОаза е збратимена со грофовијата Бедфордшир во Англија. Едно од селата во поречието е Овер на Оаза, познато како свратилиште на разни импресионистички уметници. Овде Винсент ван Гог ги провел последните 70 дена од животот и тука е закопан, заедно со брат му Тео. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia