Дравидски јазици
Дравидските јазици се јазично семејство кое се состои од приближно 85 јазици со вкупно 217 милиони говорници.[1] Се говорат претежно во јужна и делови од источна и средна Индија како и североисточна Шри Ланка, Пакистан, Непал, Бангладеш, Авганистан, Иран и од иселениците во земји како Малезија и Сингапур. Највеќе говорници имаат телушкиот, тамилскиот, канадскиот и малајалскиот. Постојат и мали групи на признаени родовски заедници што живеат во зафрлени краишта и говорат други дравидски јазици. Многумина сметаат дека дравидските јазици се автохтони на Индија. Првите пишани сведоштва за нив се натписи што датираат од VI век п.н.е. Од сето семејство, само два јазика се говорат исклучиво вон Индија: брахујскиот и дангарскиот, кој е дијалект на курушкиот. Дравидски топоними се среќаваат долж северозападното крајбрежје на Махараштра, Гоа, Гуџарат, и во помала мера во Синд. Граматичко влијание од дравидските јазици (како што е клузивноста) се забележува во маратски, конканскиот, гуџаратскиот, марвари, и помалку, во синдски. Од ова може да се заклучи дека дравидските јазици некогаш биле многу позастапени ширум Индискиот Потконтинент.[2][3] ИсторијаПотеклото на дравидските јазици е неутврдено, и истото важи и за нивниот понатамошен развој и разлачување. Ова делумно се должи на недостатокот од компаративни лингвистички испитувања. Досега никој не успеал успешно да покаже поврзаност со било кои други јазици од индоевропското семејство, хурискиот, баскискиот, сумерскиот или корејскиот. Иако во денешно време, дравидските јазици се говорат претежно во јужниот дел на Индија, не постојат конечни сознанија за изворното подрачје на нивните предци. Прифатено е дека говорниците на ова семејство биле распространети ширум цела Индија пред доаѓањето на говорниците на индоевропски јазици. Постоењето на дравидското јазично семејство првпат е предложено во 1816 г. во делото „Граматика на телушкиот јазик“ од Александар Д. Кемпбел[4], каде тој и Френсис В. Елис аргументираат дека тамилскиот и телушкиот водат потекло од заеднички неиндоевропски потомок. Поимувањето за ова семејство значително се проширило во 1856 г. со објавувањето на делото „Компаративна граматика на дравидските или јужноиндиски јазици“[5] од Роберт Колдвел, кој во семејството вбројал многу повеќе јазици и докажал дека ова семејство едно од главните во светот. Колдвел го смислил поимот „дравидски“, изведувајќи го од санскритскиот збор „дравида“ (drāvida), како што се нарекува тамилскиот јазик на југот од Индија во санскритски текст од VII век. Од огромно значење за дравидската лингвистика е објавувањето на „Дравидски етимолошки речник“ од Т. Бароу и М.Б. Емано. КласификацијаДравидските јазици се во многу потесно меѓусебно сродство отколку индоевропските. Најприфатениот родослов ги дели на три гранки, додека други ги делат на четири: делејќи ги централните на централни (коламско-парциски) и јужно-централни (телушко–кујски), или пак делејќи ги северните дравидски на североисточни (курушко–малтовски) и северозападни (брахујски). Покрај нив, постојат сè уште некласификувани дравидски јазици, како што е аларскиот. Јазиците признаени како службени јазици на Индија се задебелени.[6]
Брахујците, Курусите и Малтовците имаат митови за потекло од други краишта.[7] Преданијата на Курусите велат дека тие се дојдени од полуостровот Пекан,[8] поточно од Карнатака. Истите преданија се присутни и кај Брахујците,[9][10] кои себеси се нарекуваат доселеници[11] и многу научници се сложуваат со нив[12][13] Покрај ова, Ethnologue наведува неколку некласификувани дравидски јазици: (од кои камарскиот може да е впрочем индоариски) како и поинаку некласификуваните јужни дравидски јазици
ГраматикаНајсвојствено за дравидските јазици е следново:[14]
ФонологијаДравидските јазици се одликуваат и по неразликувањето на приздивни и неприздивни избувни согласки. Иако некои од нив имаат усвоено голем број заемки од санскрит и други индоирански јазици (покрај огромниот сопствен зборовен фонд) чиј правопис ги означува озвучувањето и приздивноста, истите зборови во дравидските јазици се изговараат според поинакви [[фонологија}|фонолошки]] и фонотактички правила: приздивот не фигурира во изговорот, без разлика на тоа како се пишуваат зборовите. Но ова не е сеприсутно и најчесто се избегнува при формално или внимателно говорење, особено при рецитирање. На пример, тамилскиот не разликува помеѓу звучни и безвучни избувни согласки, дотолку што тамилската азбука нема симболи за озвучени и приздивни избувни согласки. Јазиците од дравидското семејство се одликуваат и со тројно разликување на забно, венечно и свиено место на творба како и по големиот број на течни согласки. Историска фонологијаСамогласки: прадравидскиот јазик имал десет самогласки: a, ā, e, ē, u, ū, i, ī, o, ō (долгите и кратките биле засебни). Не постоеле дифтонзи - ai и au се сметаат за *ay и *av (или *aw) (Subrahmanyam 1983, Zvelebil 1990, Krishnamurti 2003). Согласки: прадравидскиот може да се реконструира со следниве согласни фонеми (Subrahmanyam 1983: Zvelebil 1990, Krishnamurti 2003), стр.40 :
Зборови што почнуваат на самогласкиГолем дел од зборовите почнуваат и завршуваат на самогласки, што оди во прилог на аглутинативноста на јазиците. karanu (плаче), elumbu (коска), athu (тоа), avide (таму), ithu (ова), illai (не, нема) adu-idil-illai (adu = тоа, idu = ова, il= наставен облик на „во“ => тоа-тука-во-нема => тоа-во ова-нема => тоа го нема во ова) БројкиБроевите од 1 до 10 на разни дравидски и индоариски јазици (тука хинди, санскрит и маратски) и македонски за споредба.
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia