Дрење
Дрење (понекогаш се сретнува и како Дрења) — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Славиште, во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, од десната страна на Крива Река, во непосредна близина на градот Крива Паланка, поради што припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 820 метри.[2] Селото се наоѓа во близина на Крива Паланка, северно од градот. Сместено е во долината на малата Дренска Река, десна притока на Крива Река. Поголемиот дел од селото се наоѓа на левиот брег. Околни села се Лозаново на југозапад и Киселица на североисток.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Булток, Габрак, Мал Габрак, Мазна ’Ртина, Големи Рид, Заметина, Ајдучка Орница, Длаге Њиве, Веришков Рид, Милкини Крушки и други.[3] Селото е од разбиен тип. Се разликуваат маала по родовите кои живеат во него.[3] На север се граничи со селата Осиче и Киселица, на исток со селото Кркља, на југоисток со селото Варовиште, на југ со градот Крива Паланка и селото Лозаново и на запад со селото Градец. ИсторијаНа атарот на селото се сретнуваат одредени старини. Тоа се ретки гробови и ќупови. Веројатно претходната населба пропаднала од некоја причина.[3] Денешната населба не е многу старо село. Потекнува од средината на XIX век, кога било основано од доселеници, кои ја обработувале турската земја. Земјоделските производи биле делени по пола помеѓу земјопоседниците и селаните. По 1912 година, истата земја била откупена од страна на селаните.[3] Во XIX век, Дрење било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.007,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 321,4 хектари, а на пасиштата 263,1 хектар.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] До Втората светска војна бил развиен сточарскиот живот. Биле одгледувани овци, кози и говеда, додека земјоделството не било толку развиено.[3] По војната ситуацијата се променила и денес многу малку мештани се занимаваат со сточарство или земјоделство.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дрење имало 122 жители, од кои 102 Македонци и 20 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Дрење имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] По Првата светска војна селото било дел од општината Градец и имало 94 жители.[6] Селото е мало, кое што во 1961 година броело 151 жител, а во 1994 година 211 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Дрење живееле 90 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 88 жители, од кои 84 Македонци и 4 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДрење е македонско село.[3] Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Селото припаѓало на градот Крива Паланка и во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓале и селата Варовиште, Кошари и Лозаново. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0941 според Државната изборна комисија, кое е сместено во месната заедница.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[15] Редовни настани
ИселеништвоИселеништво има воглавно во градот Крива Паланка.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia