Голема Црцорија
Голема Црцорија — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка. Од 6 мај 2011 година работи привремениот граничен премин „Голема Црцорија-Голеш“ со Србија.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот северен дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[3] Селото е планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 1.000 до 1.100 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 13 километри.[3] Голема Црцорија има простран атар. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Пресека, Солуменица, Катуниште, Китка, Пдиње, Турска ’Ртина, Грмаѓе, Чука, Степанова Бара, Пченичиште, Бошковица, Длибоки Дол, Рид, Корутине, Честак, Црвена Чука, Петрова Чука и Брањеница.[4] Селото има разбиен тип. Се разликуваат овие маала: Клинчов Дол, Слатиње, Чепинци, Падиње, Рупје, Голупци, Баратлици и Бањиште. Во секое маало живеат членови на истоимените родови.[4] Селото се наоѓа севернo од градот Крива Паланка. Географски е дел од областа Славиште. Јужно од селото се наоѓа селото Добровница, источно е Мала Црцорија, северно е Србија, а западно е Крстов Дол. ИсторијаВо атарот на селото постојат старини на месностите: Градиште, Стаменови Трла, Студена Вода и Слатиње. Биле пронајдени големи земјени ќупови и остатоци на камени ѕидови.[4] Постои верување дека селата Мала и Голема Црцорија биле основани од два браќа. Постариот се населил во Голема Црцорија, додека помалиот отишол во Мала Црцорија. Браќата, Мал и Голем Црцорко, се доселили негде од Србија. Во турско време, атарот на Голема Црцорија го држеле самите селани, додека атарот на Мала Црцорија бил чифлик.[4] Голема Црцорија, заедно со селото Крстов Дол, страдало од колера.[4] Во XIX век, Голема Црцорија било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 506 хектари, на пасиштата отпаѓаат 304,3 хектари, а на шумите 168,5 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Црцорија имало 540 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Голема Црцорија имало 520 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] По Првата светска војна селото било дел од општина Подржи Коњ и имало 489 жители.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8] Од ова село значителен дел од населението се иселил. Во 1961 година, селото броело 402 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 137 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Голема Црцорија живееле 85 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 16 Македонци, 1 Албанец и 1 лице без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГолема Црцорија е македонско православно село, родовите во селото се доселенички. Основачот на селото, Голем Црцорко, потекнува некаде од Србија. Родови во селото се:[4]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Голема Црцорија, се наоѓале и селата Добровница, Луке, Крстов Дол, Мала Црцорија и Подржи Коњ. Општината Добровница постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол и Мала Црцорија. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0978 според Државната изборна комисија, кое е сместено во караулата „Луке“ во селото.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичности
ИселеништвоОд селото имало големо иселување помеѓу двете светски војни. Иселениците од селото главно се населиле во банатското село Качарево (околу 30 к.), Скопје, Пробиштип, Велес и други.[4] Одредени родови како Анѓелкови (4 к.), Миткови (1 к.), Јаќимови (1 к.), Шундеви (1 к.), Смилкови (1 к.), Станојкови (1 к.) и Бошкови (1 к.), живеат во селото Видовиште крај Кочани; Дебелоосојчани (4 к.) живеат во Трговиште; Црцорци (6 к.) живеат во селото Клечевце крај Куманово и Црцорци (2 к.) живеат во Јачинце крај Куманово.[4] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia