Горно Строгомиште
Горно Строгомиште — село во Општина Зајас, во околината на градот Кичево. Според податоците од 2002 година, селото има население од 1.123 жители, од кои мнозинството се Македонци-муслимани. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Горно Кичево. Административно е дел од Општина Зајас. ИсторијаСпоред бугарските податоци за 1873 година, во селото Остроголишта (Долни и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[2] Според статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Горно Строгомиште имало 400 жители словенски муслимани.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4] Население
Според податоците од 2002 година селото има 1.123 жители. 1.093 жители, од различни причини, се пишале Албанци, 4 Македонци и 26 други. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 699 жители, од кои 611 Албанци и 88 лица без податоци.[5] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорно Строгомиште е торбешко село. Родови во селото се: Муратовци или Кокошовци (9 к.), Даговци (6 к.), Јаовци (6 к.), Зенковци (5 к.), Усовци (5 к.), Музовци (4 к.), Бајрамовци (4 к.), Бачковци (4 к.), Галевци или Оџовци (4 к.), Грешаровци (4 к.), Љанговци (4 к.), Џеловци (4 к.), Мерсимовци (3 к.), Нурчевци (3 к.), Саитовци (3 к.), Пунтевци (3 к.) и Шемовци (2 к.) сите наведени родови се староседелски. Сите муслимански родови си ги знаат своите предци до околу 1780 година; Калајџиовци (10 к.) и Чукалевци (7 к.) доселени се однекаде; Вранѓеловци (4 к.) потекнуваат од предок доселен од селото Лисичани, каде имаат истоимени роднини, он во северниот дел на Кичево ги бранел македонските села од арамии.[10] Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 817 и 817/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.076 гласачи.[12] ПоврзаноИселеништвоНаселението на ова село иако идело на печалба не се селело од селото, со исклучот на 5 семејства кои во 1955 година се иселиле во Турција.[10] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia