Папрадиште (Кичевско)
Папрадиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Географија и местоположбаСелото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево. ИсторијаСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2] Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.[4] Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5] Според пописот од 2002 година, во селото Папрадиште живеат 75 жители, од кои 74 Албанци и 1 останат.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Албанци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПапрадиште е албанско село. Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965. Родови во селото се: Џине (12 к.) најстариот род во селото. Нивниот предок се доселил пред околу 140 години од областа Матија во Северна Албанија. Калешовци (20 к.), се доселиле по родот Џине. И нивното потекло е од Мат во Албанија. Предокот Лиман Калеши се доселил пред околу 135 години. Се знае следното родословие: Сулејман (55 години) - Вели - Реџеп - Суљо - Реџо - Лиман. Имаат истоимени роднини во соседните села Туин, Србица и Ќафа. Манцуке (2 к.), се доселиле по родот Калешовци. Потеклото им е исто. Хаздуке (3 к.), најмладиот селски род. Се доселиле од соседното село Ќафа. Подалечното потекло им е исто како и на другите родови.[11] Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 800 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[13] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia