Мало Црско
Мало Црско — село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Железник, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од десната страна на патот Кичево-Демир Хисар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри.[2] Селото е сместено на тераса, во непосредна близина на соседното село Големо Црско.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ѓуро’а Грмада, Поникви, Кладнички Поникви, Ѓуров Драб, Горни Мериз, Шенски Дол, Корија, Црвени Солишта, Дамјаноец, Осој, Миле’и Нивје, Грмаѓе, Попо’а Чука, Загора, Длга Нива, Осојница, Костечки Дол, Пропаз, Пупчево, Смрека, Саве’и Нивје, Бресто’и, Тумач, Широка Падина, Комчиња, Камче, Папуџи’ица, Средни Рид, Охридска Нива, Падишта, Лоло’и Нивје, Калајно’и Кошари, Домадетска Гла’а, Веско’а Падина, Влак, Суводол, Петришница, Лакшур, Еѓупиште и Власоец.[3] Историја![]() Има траги на постара населба. Под селото се наоѓаат рушевини од тврдина.[3] Според верување на мештаните, во далечното минато селата Големо и Мало Црско претставувале една населба, која била сместена во месноста Грмаѓе. Жителите на населбата за да ги избегнат честите грабежи се повлекле во долините на планините Влак и Осој, со што настанале денешните две села.[4] Во XIX век, Мало Црско било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство. Стопанство![]() Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 720 хектари, на пасиштата отпаѓаат 237 хектари, а на обработливото земјиште само 211 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мало Црско имало 250 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мало Црско имало 360 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Црско се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8] Селото е мало, во фаза на целосно раселување, бидејќи во 1961 година броело 122 жители, а во 1994 година само пет жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Мало Црско живеел само 1 жител, Македонец.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМало Црско е православно македонско село. Денешното село е основано од избегани жители од раселеното село Црско кое постоело кај селото Поум, Струшко, од таму избегале двајца браќа поголемиот брат го основал селото Големо Црско, а помалиот брат го основал селото Мало Црско. Избегале во време кога во Поум, Делагожда и Корошишта почнале да се населуваат Албанци, т.е. почетокот на XIX век.[3][14] Родови во селото се: Станковци (1 к.), Шаколевци (7 к.), Мијовци (4 к.), Ристевци (7 к.), Гаџовци (1 к.), Ѓиковци (4 к.), Расолковци (6 к.), Дашковци (2 к.), Борозановци (10 к.), Гаревци (7 к.) и Алиџановци (6 к.), сите се доселени од раселеното село Црско и Златановци (1 к.) доселени од селото Вранештица. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Мало Црско, се наоѓале и селата Велмевци, Големо Црско, Кладник, Прострање и Цер. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0781, кое според Државната изборна комисија е сместено во месната заедница во селото Цер, а во кое влегуваат селата Големо Црско, Мало Црско и Цер.[16] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[19] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
ИселеништвоВо Франција заминале Кантаровци (1 к.) и Станковци (2 к.). Некои од родот Богоевци заминале во Шабац, бидејќи некои Арбанаси сакале да им ја грабнат сестрата. Има отселени жители во Битола (до 1952 година се иселиле 39 семејства), во Софија и други места во Бугарија (каде се иселиле преку 15 семејства), доста население се иселило и во САД (околу 10 семејства), а помалку во Кичево (4 семејства), Романија, Ресен, Грција, Египет.[3][15] Иселувањето продолжило и после 1952 година, денес селото е пред целосно изумирање. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia