Стрелци
Стрелци — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. ЕтимологијаПостои верување дека името на селото дошло од тоа што неговите жители биле добри стрелци и преку лето гаѓале орли со стрели.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Кичево е оддалечено 6 километри.[3] Стрелци се наоѓа на западните падини на планината Челоица. Куќите на ова големо село се наоѓаат во подножјето на масивот Голи Рид, но и во доловите и на благите падини. Околни села се: Гарани, Шутово и Лазаровци.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Башица, Каменица, Покошта, Бара, Гола Мара, Брждане, Копиде, Варнина и Дојче.[4] Селото има разбиен тип. Може да се издвојат шест маала, кои поделени од северозапад кон југоисток се: Велиовско, Љошовско, Емровско, Имероско, Љукручевско и Каленџиовско.[4] ИсторијаСтрелци е старо село во Кичевско, кое најпрвин било населено само со словенско-христијанско население. Во средниот век, цар Душан ја приложил црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Св Врачи“) на манастирот Високи Дечани, а потоа во 1348 година го предал на манастирот Хиландар.[4] Селото се сретнува под истото име во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога имало 32 словенско-христијански куќи,[4] во кои имало 29 семејства и 3 неженети, сите христијани.[5] Од почетокот на XIX век започнале да се населуваат Арбанаси во соседното село Гарани и од северна Албанија. Откако започнале да прават зулуми, Македонците почнале да се иселуваат, иако во тоа време броеле околу 30 домаќинства. Последен македонски род, кој се иселил во втората половина на XIX век биле Трпчевски. Тие сега живеат во селото Лазаровци, а нивното маало во Стрелци се нарекувало Раковци.[4] Во XIX век, Стрелци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Во втората половина на XIX век, Стрелци веќе станало целосно арбанашко село. Во него постојано се населувале Арбанаси од соседното село Гарани. Први доселеници биле од родот Љукручевци.[4] Стопанство![]() Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 279 хектари, на шумите отпаѓаат 238 хектари, а на пасиштата 155 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти.[3] Додека во селото живееле Македонците, во селото постоел чифлиг, чии сопственици биле браќата Ејуповци од Кичево. Земјата на чифлигот подоцна била продадена на доселените Арбанаси.[4] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 95 жители, сите Албанци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7] Во Стрелци живее албанско население, коешто во 1961 година броело 752 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил дури на 1.274 жители.[3] Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Стрелци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Стрелци живееле 1.421 жител, од кои 1.409 Албанци и 12 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.078 жители, од кои 1.009 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 67 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСтрелци е албанско село. Муслиманското население во Стрелци потекнува од доселените родови од соседното село Гарани.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Љукручевци (45 к.), Емровци (19 к.), Имеровци (19 к.), Велиовци (10 к.), Каленџиовци (8 к.), Љошовци (7 к.), Коче (5 к.) и Цуре (3), сите овие родови првин се доселени од Гарани, а потекнуваат од предци доселени од областа Матија во северна Албанија кои се населиле на крајот од XVIII и почетокот од XIX век. Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2] Никручовци (30 к.), Каленџиовци (16 к.), Велијовци (3 к.) и Лошовци (4 к.), сите дошле од Гарани; Хетовци (2 к.), не знаат од каде се доселени. Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Стрелци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 0793 и 0793/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.284 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Во минатото во селото постоел храмот „Св. Илија“, како и средновековната црква „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“).[2][4]
ИселеништвоПокрај наведените иселувања кои се случиле во минатото на македонското население, во поново време има поединечни иселувања и на Албанците, па така се знае за најмалку 7 семејства кои се преселиле во Кичево и едно во Турција.[4] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia