Класификација на Конгресната библиотекаКласификацијата на Конгресната библиотека (англ. Library of Congress Classification, LCC) — систем на библиотечна класифијација на Конгресната библиотека - државната библиотека на САД. Се користи од највеќето истражувачки и академски библиотеки во САД и неколку други земји како Австралија[1][2] и Тајван.[3] Највеќето јавни библиотеки и помалите академски библиотеки ја користат Дјуиевата децимална класификација (ДДК, т.е. DDC).[4] Оваа класификација е создадена во 1897 г. од Херберт Патнам, кој ја разработил веднаш пред да стане библиотекар на Конгресот. Патнам ја осмислил класификацијата следејќи ги советите на истакнатиот библиотекар Чарлс Еми Катер и под влијание на Катеровата експанзивна класификација и ДДК. Предвидена е наменски за потребите на прибирањето и подредувањето на материјали во Конгресната библиотека. Ова бил нов систем, замена за дотогашниот „систем на утврдено место“ осмислен од Томас Џеферсон. Со заминувањето на Патнам во 1939, сите класи освен K (Право) и делови од B (Филозофија и Религија) биле добро развиени. Системот трпи критика дека нема солидна теоретска основа; класификацијата е оформена за да им служи на практичните потреби на библиотеката и не ги следи вообичаениот епистемолошки начела. Иако предметите (темите) се делат во опширни категории, класификацијата во основа има наброителен карактер. Предвидена е да упатува до книгите што ги има библиотеката, а не како класификација на светот во целина. Системот на класификација на Националната медицинска библиотека (NLM) ги употребува неискористените букви од оваа класификација: W и QS–QZ. Некои библиотеки ја користат NLM заедно со LCC, изоставувајќи ја класата R (Медицина) на LCC. Други пак, го претпочитаат распоредот QP–QR на LCC, вклучувајќи го заглавието Медицина R. Системот![]()
Класа A - Општи дела
Класа B - Филозофија, Психологија, Религија
Класа C - Помошни науки на историјата (општо)
Класа D - Светска историја (освен американската историја)
Класа E и F - Американска историјаКласа F - Локална историја на САД и британска, холандска, француска и Латинска АмерикаКласа G - Географија, Антропологија, Разонода
Класа H - Општествени науки
Класа J - Политички науки
Класа K - Право
Класа L - Образование
Класа M - Музика
Класа N - Ликовна уметност
Класа P - Јазик и книжевност
Класа Q - Наука
Класа R - Медицина
Класа S - Земјоделство
Класа T - Технологија
Класа U - Воена наука
Класа V - Поморска наука
Класа Z - Библиографија, Библиотекарство
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia