Неделно училиште во Солун
Неделното училиште во Солун e воспитно - образовна институција на Македонската револуционерна организација, меѓутоа таа претставувала параван за затскриено агитирање од страна на организацијата меѓу солунското македонско население. Дамјан Груев истакнува дека Неделното училиште е прво дело на ТМОРО [1]. Не се знае кога точно е отворено Неделното училиште, Иван Хаџи Николов истакнува дека одлука за формирање на Неделното училиште е донесена за време на некоја од средбите од страна на основоположниците на организацијата. Меѓутоа факт е дека ова училиште егзистирало во февруари 1894 година и тоа било сместено во покривот на зградата која била сметена до црквата Св. Димитрија. Раководители на училиштето биле Дамјан Груев и Лазар Димитров додека пак училишните предавања ги изведуваал Иван Ачков [2]. Покрај основото сметање и читање се говорело за Француската револуција, обединувањето на Италија, Џузепе Гарибалди, вопошто за револуцијата. Целата на отворањето на училиштето е да се покрене духот на населението и да се провери дали има погодна почва за делување меѓу населението во Солун, откако било потвредено дека почвата е погодна по два месеци училиштето било затворено. Извори |
Portal di Ensiklopedia Dunia