Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3.741 жител, од кои: 2 Македонци, 3.719 Албанци, 4 Бошњаци и 16 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.137 жители, од кои 3 Македонци, 3.027 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 1 Бошњак, 1 останат и 99 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Исаки (7 к.) и Раман (7 к.) доселени се од селото Брест. Исљами (6 к.) доселени се од селото Алашевце. Двата рода се доселени После Првата светска војна.
Маѓерци (10 к.) доселени се од селото Маѓерци кај Прешево. Гарани (6 к.) доселени се од селото Гари кај Прешево. Букурчани (6 к.) доселени се од селото Букурце кај Прешево. Самоличани (4 к.) доселени се од селото Самолице кај Прешево. Бугаринци (5 к.) доселени се од селото Славујевци (порано Бугариње) кај Прешево. Овие родови се доселени од 1955 до 1960 година.
Изворчани (4 к.) доселени се од селото Извор. Гошинчанци (4 к.) доселени се од селото Гошинце. Брестјани (3 к.) доселени се од селото Брест. Белановчани (3 к.) доселени се од селото Белановце. Руѓинчанци (2 к.) доселени се од селото Руѓинце. Глажњани (2 к.) доселени се од селото Глажња.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.