Сарамзалино
![]() Сарамзалино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Овче Поле, на 3,5 километри источно од Лозово, 15,5 километри југозападно од Свети Николе и 25 километри северозападно од Штип. ИсторијаНа крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 180 Македонци.[2] Според Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 104 Македонци христијани. ДемографијаСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3] На пописот од 2002 година, селото имало 118 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сарамзалино има 86 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
РодовиСарамзалино е македонско село. Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1704 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[7] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia