Општина Лозово
![]() ![]() Општина Лозово — општина во Македонија. Административен центар на општината е истоименото село. Општината се наоѓа во Овче Поле. ГеографијаОпштина Лозово се наоѓа во централниот дел на Македонија, поточно зафаќа дел од Овче Поле. Вкупната територија на Општина Лозово е 165 км2. Во Општината има 11 населени места, од кои 1 се рамничарски а 1 ридско.[2] Низ Општината минува магистралниот пат М5, како и железничката линија Велес-Кочани. Општина Лозово граничи со Општина Свети Николе на север и североисток, со Општина Велес на запад, со Општина Градско на југ и со Општина Штип на исток. Климата во Општината е умерено-континентална со слабо влијание на средоземната. Просечните врнежи во општината се 472 мм/ м². Најчеста појава на ветер е од северозапад со просечна брзина од 6 км/ч. СтопанствоСтопанството во општината е претежно земјоделско. Вкупното обработливо земјиште изнесува 16.331 хектар. ДемографијаОпштина Лозово, според пописот од 2002 година, имала население од 2.858 жители. Густината на населението на општината е 16.1 жител на км2. Селата во Општината се: Аџибегово, Аџиматово, Бекирлија, Дорфулија, Ѓуземелци, Каратманово, Кишино, Лозово, Милино, Сарамзалино и Ќоселери. Најголемо село е Лозово кое е и административен центар на општината.[3]
Општествени установиНа територијата на општина Лозово функционира едно централно основно училиште - ЦОУ „Методија Митевски - Брицо“ во Лозово. Централното училиште има четири подрачни училишта[4]:
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Лозово е Бошко Цветковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Лозово е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ВМРО-ДПМНЕ: 4 места СДСМ: 3 места НДМ: 1 место ДНЕТ: 1 место Културни и природни знаменитостиРедовни настаниКултура и спортНа територијата на Општина Лозово опстојува ФК Работник, фудбалски клуб кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига. Во 2011 година е пуштено во употреба современо повеќенаменско игралиште во Лозово кое е комплетно опремено, што воедно е и теренот на којшто тренираат и настапуваат фудбалерите на Ф.К.Работник. Општината е покровител на повеќе традиционални турнири во мал фудбал и тоа[6]:
ИселеништвоНаводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia