Бекирлија
Бекирлија (турски: Bekirli, Бекирли) — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле. Потекло и значење на иметоИмето на селото има турско потекло. Всушност е составено од два дела, личното име Бекир и наставката -ли, каде оваа наставка во турскиот јазик се користи за означување на нечије место. Кога сето ова би се превело на македонски јазик, би имало значење во смисла на: “место каде што живее Бекир”. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на најјужниот дел од територијата на Општина Лозово, недалеку од устието на реката Светиниколска или Азамак, во Брегалница. Селото е рамнинско, на надморска височина од 230 метри. Од патот Штип-Велес населбата е оддалечена 15,3 км, а од централното место Свети Николе 36,3 км. ИсторијаНа крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот се допира со териториите на општините Штип и Велес. Тој зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 892,9 ха, обработливото земјиште зазема површина од 510,8 ха, а на шумите отпаѓаат 114,3 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2] Население
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 270 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[4] Селото е мало и во фаза на раселување, бидејќи Турците што живееле во него, во значителен број се иселиле во Турција. Во 1961 година броело 116 жители, од кои 77 биле Албанци, а шест жители Турци, додека во 1994 година имало само 15 жители, населено со турско население. Според пописот од 2002 година, населението на Бекирлија броело 5 жители, сите Турци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСпоред истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Кишино.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[11] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичности
Култура и спортВо ова село е сниман документарниот филм Медена земја, каде освоил многу награди на европските и американските кинофестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 г. што освоил три награди. Исто така, филмот бил предложен на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарен филм.[12][13] Со ова постигнување, тој е единствениот документарен филм во историјата што добил две номинации во уште една категорија, освен таа за документарни филмови. Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил предложен за наградата „Оскар“. ИселеништвоЗначителен број од неговите жители се иселиле во Турција. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia